Logo

Известување за заштита на податоците


Известување за заштита на податоците на Германската фондација за меѓународна правна соработка, регистрирано здружение

 

Од 25 мај 2018 година се применуваат нови прописи за заштита на личните податоци врз основа на Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци. Со следните напомени Ве известуваме за тоа на кој начин Германската фондација за меѓународна правна соработка, регистрирано здружение (ИРЗ) ги обработува Вашите лични податоци, како и за правата кои Ви припаѓаат во согласност со прописите за заштита на податоците:

 

  1. Податоци за одговорното лице:

Deutsche Stiftung für Internationale Rechtliche Zusammenarbeit e.V.

Германска фондација за меѓународна правна соработка, регистрирано здружение (ИРЗ)

Контакт на одговорното лице:

Ubierstraße 92

D-53173 Bonn

Телефон: +49 228 / 9555 0

Телефакс: +49 228 / 9555 100

 

Регистар на здруженија при основниот суд во Бон, матичен број VR 6349

Електронска контакт-адреса на одговорното лице: info@irz.de

 

  1. Податоци за контакт на повереникот за заштита на податоците:

             Повереникот за заштита на податоците на ИРЗ можете да го добиете на следната адреса:

datenschutzbeauftragter@irz.de

или по пошта:

Deutsche Stiftung für Internationale Rechtliche Zusammenarbeit e.V., Datenschutzbeauftragter,

Ubierstraße 92

D-53173 Bonn

 

  1. Податоци за целите на обработката и нивните правни основи:

ИРЗ ги обработува Вашите лични податоци земајќи ја предвид Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци, новата верзија на Сојузниот закон за заштита на личните податоци (BDSG), како и сите други релевантни правни прописи.

Личните податоци се обработуваат за целите на реализацијата или подготвувањето на договори т.е. за спроведување на работата на ИРЗ, кои се воспоставени на иницијатива на лицата на кои се однесуваат тие мерки или на ИРЗ (на пр. реализација на членство во здружение во согласност со односното право, спроведување на настани и семинари или проекти на ИРЗ). Правна основа во таа смисла е чл. 6 став 1 алинеја b) од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

Понатаму, личните податоци се обработуваат за целите на исполнувањето направните обврски (на пр. известување на даночните органи или исполнување на законските обврски за чување (на пр. § 147 од Законот за даноци), на кои подлежи ИРЗ. Правна основа во таа смисла е чл. 6 став 1 алинеја c) од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, личните податоци се обработуваат за заштита на основаните интереси на ИРЗ. Тоа е, на пример, случај кога при спроведувањето на дејноста на нашето здружение чуваме податоци за контакт на трети лица или кога други лица известуваме за нашата работа. Правна основа во таа смисла е чл. 6 став 1 алинеја f) од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

На крајот, личните податоци се обработуваат врз основа на изјава за согласност која ни ја дале лицата чии податоци се обработуваат. Правна основа во таа смисла е чл. 6 став 1 алинеја a) од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

 

  1. Потекло на личните податоци

ИРЗ добива лични податоци од самите лица, за чии податоци станува збор, или преку општо достапни извори (интернет).

 

  1. Податоци за категориите на примачи на лични податоци:

Примачи на лични податоци на кои нашата организација им ги доставува таквите податоци пред сè се сите даватели на услуги т.е.вршителите на работата (на пр. даватели на информатички услуги и банки), кои обработуваат лични податоци по наш налог. Тие се ангажираат на основа на договор склучен со ИРЗ и постапуваат како обработувач на налогот во смисла на чл. 28 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, примачи на личните податоци се и оние трети лица, кои во рамките на нашите активности преземаат работи за нашата организација, во мера во која тоа е потребно заради исполнување на законските обврски или такви обврски кои произлегуваат од нашиот статут.

 

  1. Податоци за доставување на податоците во трети земји:

Личните податоци се проследуваат во трети земји, доколку тоа е неопходно за реализација на проектите на ИРЗ. Во тие случаи, лицата чии податоци се проследуваат се известуваат за дадениот контекст поврзан со третата земја. Покрај реализацијата на проектот и известувањето за работата на ИРЗ, во трети земји не се проследуваат никакви понатамошни податоци. Трети земји се земји што не се членки на Европската унија.

 

  1. Податоци за роковите за чување на личните податоци:

Личните податоци ги чуваме во согласност со општиот концепт за бришење на податоците кој важи за ИРЗ. Во согласност со тоа, личните податоци се подведуваат под категорија за бришење. Во таа категорија за бришење за таквите лични податоци се одредуваат рокови за чување и редовни рокови за бришење. По истекот на редовните рокови за бришење, личните податоци се бришат.

Личните податоци кои се зачувани во контекст со членството во организацијата односно во телата на ИРЗ се бришат по истекот на односниот договор и истекот на периодот, по кој повеќе не постојат правни барања кон нас, на пр. кога тие се застарени, (законски рок на застарување и до 30 години, но по правилотри години). Истото важи и за проекти на ИРЗ.

Начелно Вашите лични податоци се бришат или анонимизираат, штом повеќе нема да бидат неопходни за горенаведените цели и ако законските обврски за докажување или чување (обврска за чување и до 10 години) не не обврзуваат за натамошно чување.

 

  1. Податоци за правата на лицата на кои се однесува мерката:

Како лице на кое се однесува оваа мерка, врз основа на Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци ги имате следните права:

 

  • право на информирање (чл. 15)
  • право на исправка (чл. 16)
  • право на бришење (чл. 17)
  • право на ограничување на обработката (чл. 18)
  • право на приговор против обработката (чл. 21)
  • право на преносливост на податоците (чл. 20).

 

  1. Податоци за правото на отповикување:

Ако обработката се темели на чл. 6 став 1 алинеја a) од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци (согласност) или чл. 9 став 2 во врска со посебните видови на лични податоци, значи на согласност на засегнатото лице,ние ќе Ве информираме дека имате право во секое време да ја отповикате согласноста, без тоа да влијае на законитоста на извршената обработка врз основа на дадената согласност до моментот на отповикувањето.

Овие права можете да ги остварите и во однос на нашето здружение: info@irz.de.

      10. Напомени за правото на жалба:

Надзорниот орган што е надлежен за нас е:

Повереник за заштита на податоците и слободата на информирање на сојузната држава Севејна Рајна Вестфалија

Телефон: 0211/38424-0

Факс: 0211/38424-10

Е-пошта: poststelle@ldi.nrw.de

 

Засегнатите лица во согласност со чл. 77 став 1 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци имаат право на жалба во случај на повреда на законските одредби при обработка на лични податоци.

        11. Ставање на располагање на личните податоци:

ИРЗ нуди различни услуги, чија основа е договор потпишан помеѓу Вас како засегнато лице и нас (на пр.договор за работа; договор за учество на настани или семинари т.е. проекти). Во таа смисла, Вие сте должни да соопштите одредени лични податоци. Тоа се оние податоци кои ѝ се неопходни на ИРЗ за да ги исполни договорите (на пр. адреса/податоци потребни за плаќање). Ако тие податоци не се стават на располагање, не можат да се склучат договори со нас.

       12. Автоматизирано одлучување и профилирање:

ИРЗ не утврдува никакви мерки за автоматизирано одлучување (на пр.проверка на бонитетот) или на таканареченото профилирање (на пр. податоци за преференциите или однесувањето на засегнатото лице) во смисла на чл. 22 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци .

 

 Известување, состојба: август 2018 годинапо потреба повторно ќе бидете информирани за релевантните измени.