Logo

Повик за доставување трудови состојба 01.12.2016


„Европско право“ е правно списание основано од страна на Германската фондација за меѓународна правна соработка, регистрирано здружение (скратено: ИРЗ) во соработка со македонски правници. Целта на ова списание е да создаде форум за објавување на научни статии и информативни прилози од европското право и неговото влијание врз националното право на земјите-членки, но и на оние земји што (сё уште) не се членки на Европската унија.

Особено пожелни се научните трудови за следните рубрики:

  • Актуелности од европското право;
  • Актуелности од македонското право;
  • Актуелности за влијанието на европското право врз правото на другите држави, особено на оние од југоисточна Европа.

Авторите можат слободно да ги изберат конкретните теми на своите трудови. Особено добредојдени се трудовите што се релевантни за практиката, оние трудови што имаат придонес за развојот на правото, како и трудовите на младите научници кои се на почетокот на својата академска кариера.

Со цел да се обезбеди високо ниво на сите научни трудови, тие ќе бидат рецензирани.

Сите статии што позитивно ќе бидат оценети од страна на рецензентите, а поради ограничениот обем на списанието нема да можат да бидат објавени во следниот број, ќе бидат земени предвид за бројот што ќе следи по него.

Авторите се сами одговорни за содржината на своите трудови. Тие му ги отстапуваат на „Европско право“ правата за објавување на трудот во печатена и во електронска форма на Интернет, како и за евентуален превод на македонски јазик. Објавените трудови авторите можат да ги објавуваат во други публикации, во печатена или во електронска форма, по истекот на една година од нивното прво објавување во ревијата „Европско право“, со наведување на изворот каде што тие за првпат биле објавени.

Со поднесувањето на својот манускрипт, авторот ги прифаќа сите услови што се наведени во овој повик за доставување трудови и гарантира дека неговиот труд во формата во која е предаден или во слична форма не бил објавен на друго место и оти не постојат права на трети лица.

СТАТИИ И НАУЧНИ ТРУДОВИ:

Можат да се доставуваат два вида на научни трудови:

1. Подолги статии (10-20 страници, фонт Times New Roman, големина на фонтот 12, проред 1,5).

2. Кратки научни трудови (3-9 страници, фонт Times New Roman, големина на фонтот 12, проред 1,5).

Една страница ја сочинуваат 1.500 карактери.

Со секој труд треба да се достави и краток извадок/резиме (до 200 збора), заедно со пет клучни збора на крајот од резимето, што од страна на редакцијата ќе бидат преведени на германски и/или на англиски јазик. Преведеното резиме ќе му биде испратено на увид на авторот. Со цел да се избегне дополнителна работа за авторите и редакцијата, ги молиме авторите при составувањето на резимето да се ориентираат според содржината и стилот на останатите резимеа во списанието.

За да се обезбеди единствен начин на цитирање и наведување на изворите, потребно е авторите да се придржуваат до правилата за цитирање што се содржани во овој повик.

Трудовите можат да се предадат на македонски јазик или на германски јазик во електронска форма како документ во Word на следната е-пошта: ep.redakcija@t-home.mk.

Заедно со трудот треба да се предаде и кратка лична биографија (една страница), што содржи податоци за образованието и професионалната кариера на авторот, како и список со евентуалните досегашни публикации.

Вашите прашања можете да ги упатите на следната е-пошта: ep.redakcija@t-home.mk.

Или на телефонскиот број +389 70 268 293 (Александар Спасов) или +389 71 547 752 (Наташа Андреевска-Томовска).

 

ЦИТИРАЊЕ И НАВЕДУВАЊЕ НА ИЗВОРИТЕ

Цитирање

„xxxx“ C Цитатите треба да бидат наведени под знак за наводници.

C Цитатите што се подолги од четири реда треба да бидат наведени како целина/во еден блок.

„xxxx.“ C Знакот за наводници секогаш треба да биде ставен по крајниот интерпункциски [xxxxxx] C Ако авторот сака да внесе личен коментар во цитатот, тогаш тој коментар треба да биде ставен во аглести загради.

[Подвлечено Ако цитатот содржи делови што се истакнати од страна на авторот од страна C со закосени букви/курзивно, тоа треба да биде наведено. на авторот]

N.B. Доколку некој цитат е содржан во некоја фуснота, тогаш изворот треба да биде наведен веднаш по крајот на цитатот.

Наведување на изворите

По правило, референциите и изворите треба да бидат наведени во фусноти, а да се избегне нивното наведување во текстот. Бројот на фуснотата треба да биде ставен по крајниот интерпункциски знак, доколку се однесува на целата реченица, односно директно по зборот, ако се однесува само на тој збор.

1. Наведување во текстот

Ако изворите, како, на пример, законите или меѓународните спогодби, треба да се наведат во текстот, земете го предвид следното:

При првото наведување потребно е да се даде нивниот целосен назив.

Ако треба да се употреби кратенка, таа би требало да биде наведена при првото споменување на изворот.

Во случај да се наведуваат правни акти што не се донесени на македонски јазик, при првото наведување потребно е покрај називот на македонски јазик во аглеста заграда да стои и оригиналниот назив. На пример: Чл. 5 од Законот за нотарска заверка на исправите [Beurkundungsgesetz].

„Член“, „став“, „алинеја“ – доколку се наведуваат во текстот, тие не треба да бидат во скратена форма. Ако, пак, се стават во загради, тогаш, исто како и во фуснотите, се скратуваат (Чл. 34 ст. 2).

2. Наведување во фуснотите

2.1. Наведување на судски одлуки

При наведувањето на судските одлуки се препорачува цитирање на начин што е вообичаен за релевантната земја, на пример:

(а) BGH 4 October 1974, BGHZ 67,207; NJW 1977 S. 35. 

(б) Одлука на Европскиот суд на правдата од 3 јуни 2010 год., C-484/08, Caja de Ahorros y Monte de Piedad de Madrid vs. Asociacion de Usuarios de Servicios Bancarios (Ausbanc).

(в) Одлука на Врховниот суд на Република Македонија ПССРУ, бр. 41/2011 од 06.11.2012 година, објавена на (последен пат пристапено на 15.12.2012 год.).

(г) Smith v. Lincoln, 205 US 423 (2001).

2.2. Наведување закони и меѓународни спогодби

Доколку се наведуваат правни акти што не се изворно донесени на македонски јазик, при првото наведување потребно е покрај називот на македонски јазик во аглеста заграда да се наведе и оригиналниот назив. На пример, Чл. 5 од Законот за нотарска заверка на исправите [Beurkundungsgesetz].

При првото наведување на правниот акт може да биде дадена и кратенката што ќе се употребува во понатамошниот текст.

При првото наведување на правниот акт потребно е да биде наведен и бројот на службениот весник каде што тој е објавен, вклучувајќи ги и сите дополнителни измени.

2.3. Наведување монографии

2.3.1. Прво наведување

Според следниот редослед се наведуваат:

1) Иницијалите од името на авторите или на издавачите и нивните презимиња. Ако има повеќе од еден автор/издавач, треба да се наведе само името на првиот автор, со додавката „et al“.

2) Целосниот наслов на книгата (означен со закосени букви).

3) Изданието и/или волуменот, томот, секцијата.

4) Место на издавање (ако има повеќе, само првоспоменатото).

5) Издавач.

6) Година на издавање.

7) Број на страниците на кои се упатува.

Во поглед на интерпункцијата, треба да се следи следниот пример:

М. Ристова, Одговорноста на судиите во Република Македонија, 1. издание (Скопје, Фондација ИРЗ 2012) стр. 23;

А. Спасов, Државниот суверенитет и глобализацијата, 1. издание (Скопје, Фондација Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје 2011) стр. 56. 

Насловите што не се на македонски јазик не се преведуваат, но потребно е во аглести загради да се даде нивен превод на македонски. За авторите, кои своите трудови ги предаваат на странски јазик, преводот на насловите го прави преведувачот. Сепак, за насловите што изворно не се на германски, англиски или француски јазик, авторите сами треба да направат превод на англиски јазик во аглести загради.

2.3.2. Подоцнежно наведување

Подоцнежните наведувања се вршат така што се наведува името на авторот и кратенката „op. cit.“, со наведување на фуснотата во која за првпат е споменато делото, а потоа следи бројот на страницата на која се упатува.

Доколку во истата фуснота се наведени повеќе дела на истиот автор, потребно е да се наведат насловот на делото, бројот на фуснотата во која тоа за првпат е наведено, како и бројот на страниците на кои се упатува.

2.4. Наведување придонеси во зборници

2.4.1. Прво наведување

Според следниот редослед се наведуваат:

1) Иницијалите од имињата на авторите и презимињата. Доколку се повеќе од два автора, треба да се наведе само првиот од нив, со додавката „et al.“.

2) Целосниот наслов на придонесот (меѓу единични наводници, на пример „xxxx“).

Името на издавачот (доколку го има), по кое следи „ed.“ или „eds“ (за англиската верзија) или „Hrsg.“ (за германската верзија).

3) Местото на издавање (ако има повеќе, само првоспоменатото).

4) Издавачот.

5) Годината на издавање.

6) Бројот на првата страница на која почнува трудот и бројот на страницата на која се упатува. На пример: Weiler, ‘European Citizenship and Human Rights’, in J. A. Winter, et al., eds, Reforming the Treaty on European Union: The Legal Debate (The Hague, Kluwer 1996) стр. 21 на стр. 27.

Симичек, „Управното право во Република Чешка – Развој и избрани проблеми“ во Излагања од управното право и управното судство, Придонеси од работата на Фондацијата за меѓународна правна соработка (ИРЗ) Македонија том III (Скопје, Магор и Фондација ИРЗ 2011) стр. 49 на стр. 55.

2.4.2. Подоцнежни наведувања

Исто како и при цитирањето на монографиите, само што наместо „op. cit.“ треба да се наведе „loc. cit.“.

2.5. Наведување статии од периодики

2.5.1. Прво наведување

Според следниот редослед се наведуваат:

1) Иницијалите од имињата на авторите и презимињата. Доколку се повеќе од два автора, треба да се наведе името само на првиот автор, со додавката „et al.“.

2) Насловот на трудот (меѓу единични наводници, на пример „xxxx“).

3) Бројот.

4) Називот на списанието (курзивно/закосено; треба да се наведе полниот назив, а ако се работи за меѓународно познато списание, може да се користи и вообичаената кратенка).

5) Годината на издавање.

6) Првата страница на трудот и бројот на страницата на која се упатува. На пример:

A. Durakovic, “Jedinstvena pravila o imovinskopravnim aspektima registrirane zajednice u Evropskoj uniji” [Единствени правила за имотно-правните аспекти на регистрираната заедница во Европската унија], 1 Nova pravna revija (2012) стр. 18 на стр. 20.

2.5.2. Подоцнежно наведување

Исто како при цитирање на монографиите, само што наместо „op. cit.“ треба да се наведе „loc.cit.“.