Logo

Изјава за заштита на податоците


Изјава за заштита на податоците при користењето на веб-страницата

 

www.evropsko-pravo.info 

Многу не радува Вашиот интерес за Германската фондација за меѓународна правна соработка, рег. здруж. (IRZ). Заштитата на Вашите податоци е од особена важност за раководството на IRZ. Интернет страницата „www.evropsko-pravo.info“ може да се користи без наведување на лични податоци. Со помош на изјавата за заштита на податоците, IRZ сака да ги информира сите корисници на оваа веб-страница за видот, обемот и намената на личните податоци кои ги прибираме, користиме и обработуваме. Покрај тоа, лицата на кои се однесувa оваа изјава за заштита на податоците се известуваат за правата кои им припаѓаат. Овој документ првентствено се однесува на процесите на обработка на податоците кои се специфични за веб-страницата.

§ 1 Податоци за контакт на одговорното лице

Одговорно лице во согласност со чл.4 бр.7 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци и други одредби за заштита на податоците кои се применуваат е

Deutsche Stiftung für internationale rechtliche Zusammenarbeit e.V. (IRZ)

(Германска фондација за меѓународна правна соработка, рег. здруж. (IRZ))

Ubierstraße 92 53173 Bonn Телефон: 0228 / 9555 – 0 Е-пошта: info@irz.de

§ 2    Адреса на повереникот за заштита на личните податоци

Deutsche Stiftung für internationale rechtliche Zusammenarbeit e.V. (IRZ) Datenschutzbeauftragter Ubierstraße 92 53173 Bonn Телефон: 0228 /9555 – 134

Е-пошта: Datenschutzbeauftragter@irz.de

§ 3    Прибирање на лични податоци во случај на посета на нашата веб-страница

При користење на нашата веб-страница кое е само информативно, се прибираат само оние податоци кои Вашиот прелистувач ќе му ги достави на нашиот сервер и кои во техничка смисла се потребни за да Ви се прикаже нашата веб-страница и да се обезбеди стабилноста и безбедноста на преносот на податоците (правна основа е чл.6 став 1 реченица 1 алинеја f од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци):

  • IP-адреса
  • датум и време на пребарувањето
  • разлика во временските зони во споредба со Средното време по Гринич (GMT)
  • Содржина на барањето (конкретна страна)
  • Статус на пристапот/HTTP-статусни кодови
  • Односната пренесена количина на податоци
  • Веб страницата од која се упатува барањето
  • Прелистувач
  • Оперативен систем и негова корисничка површина 
  • Јазик и верзија на софтверот на прелистувачот.

§ 4 Прибирање на лични податоци во случај на упатување барања за контакт по електронска пошта

За да можеме да ги обработиме и да ги одговориме Вашите прашања, кои ни ги испраќате по е-пошта  (info@irz.de), ги обработуваме личните податоци кои сте ги доставиле во таа смисла. Во тие податоци пред сè спаѓа Вашата адреса за електронска пошта која ни ја испраќате во рамките на Вашата порака, за да можеме да Ви доставиме одговор и други информации. 

Податоците и информациите кои ни ги доставувате се обработуваат заради обработка и давање одговор на Вашето барање согласно со чл.6 став 1 алинеја b од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

Особено укажуваме на тоа дека преносот на податоците на Интернет (на пример преку воспоставување контакт по пат на е-пошта), и покрај сите мерки кои ги преземаме од наша страна, може да има безбедносни недостатоци, така што не може да се обезбеди апсолутна заштита.

За времетраењето на обработката на Вашето барање ние ги чуваме личните податоци кои се прибрани при воспоставувањето контакт со Вас.

Таквите податоци не се проследуваат на трети лица.

§ 5 Користење на колачиња (Cookies) и поврзани функции

(1)    Покрај претходно споменатите податоци, кога ја користите нашата веб-страница доаѓа до меморирање на колачиња (Cookies) на Вашиот компјутер. Колачињата се мали текстуални датотеки, кои на Вашиот тврд диск се доделуваат од страна на прелистувачот кој го користите и се меморираат. Колачињата не можат да извршуваат програми или да пренесуваат вируси на Вашиот компјутер. Нивната намена е на корисниците да им го олеснат и да им го направат поефективен пристапот до понудата на интернет.

(2)    Употреба на колачиња:

a) Нашата веб-страница ги користи следните видови на колачиња чиј обем и начин на функционирање се објаснети во текстот што следи:

  • привремени колачиња (transiente cookies) (во врска со тоа види под b)
  • трајни колачиња (persistent cookies) (во врска со тоа види под c).

b)         Привремените колачиња се бришат автоматски штом ќе го исклучите прелистувачот. Тука пред сè спаѓаат сесиските колачиња (session-cookies). Тие меморираат т.н. Session-ID, врз основа на кои различни барања на Вашиот прелистувач можат да се подведат под една заедничка сесија. На тој начин Вашиот компјутер може да биде препознаен кога повторно ќе се вратите на нашата веб-страница. Сесиските колачиња се бришат кога ќе се одлогирате или ќе го исклучите прелистувачот.

c)    Трајните колачиња автоматски се бришат по даден временски период кој може да се разликува од колаче до колаче. Можете во секое време да ги избришете колачињата во безбедносните подесувања на Вашиот прелистувач.

d) Можете да го конфигурирате подесувањето на Вашиот прелистувач според Вашите желби и на пример да одбиете да примате колачиња од трети лица (Third-Party-Cookies). Во тој случај би сакале да Ви укажеме на тоа дека постои можност да не можете да ги користите сите функции на нашата веб-страница.

§ 6    Други функции и понуди на нашата веб-страница

(1)    Покрај чисто информативното користење на нашата веб-страница, ние нудиме различни функции кои можете да ги користите доколку сте заинтересирани, без притоа да морате да наведувате други лични податоци (преземање на содржини/линкови и сл.).

(2) За потребите на техничкото одржување на нашата веб-страница делумно ангажираме надворешни даватели на услуги. Внимателно ги избравме таквите даватели, ги проверивме во однос на важечките стандарди за заштита на податоците  и ги обврзавме да ја почитуваат Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци, а исто така редовно вршиме контрола по тоа прашање.

§ 7 Користење на нашиот портал за преземање/ употреба на веб-фонтови

На оваа веб-страница се користат надворешни фонтови т.е. Google фонтови. Google фонтовите се услуга на Google Inc. ("Google"). Овие веб-фонтови се интегрираат со повикување на сервер, обично сервер на Google во САД. На тој начин на серверот му се соопштува дека сте ја посетиле нашата веб-страница. IP адресата на прелистувачот на крајниот уред на посетителот исто така се зачувува на оваа веб-страница на Google. Повеќе информации ќе најдете во политиките за приватност на Google, до кои може да пристапите тука:

§ 8 Употреба на Google Analytics

(1) Оваа веб-страница користи Google Analytics, услуга за веб-аналитика на Google Inc. („Google“). Google Analytics користи таканаречени „колачиња“, текстуални датотеки што се зачувуваат на вашиот компјутер и кои овозможуваат анализа на вашата употреба на веб-страницата. Информациите генерирани од колачињата за вашата употреба на оваа веб-страница по правило се пренесуваат на сервер на Google во САД и таму се чуваат. Доколку IP-анонимизацијата е активирана на оваа веб-страница, вашата IP адреса претходно ќе биде скратена од Google во рамките на земјите-членки на Европската унија или во други земји потписнички на Договорот за Европската економска област. Само во исклучителни случаи целосната IP адреса се пренесува на сервер на Google во САД и таму се скратува. Во име на операторот на оваа веб-страница, Google ќе ги користи овие информации за да ја оцени вашата употреба на веб-страницата, да состави извештаи за активноста на веб-страницата и да му обезбеди на операторот на веб-страницата други услуги поврзани со користењето на веб-страницата и користењето на Интернет.

(2) Нашата веб-страница користи Google Analytics со наставката „anonymizeIp“. Како резултат тоа, IP адресите понатаму се обработуваат во скратена форма, така што тие не можат да бидат поврзани со некоја личност. Значи, доколку податоците кои се собрани за вас се лични, тоа е веднаш исклучено и личните податоци веднаш се бришат.

(3) IP адресата што ја пренесува вашиот прелистувач како дел од Google Analytics нема да се спои со другите податоци на Google.

(4) Можете да спречите зачувување на колачиња со тоа што соодветно ќе го подесите софтверот на прелистувачот (види исто така § 5); но сепак, би сакале да укажеме на тоа дека во овој случај можеби нема да можете да ги користите сите функции на оваа веб-страница во целосна мера. Исто така, можете да спречите Google да ги собира податоците кои се генерирани од колачето и се однесуваат на вашата употреба на веб-страницата (вклучувајќи ја и вашата IP адреса) и да ги обработува овие податоци, така што ќе го симнете и ќе го инсталирате приклучокот за прелистувачи кој е достапен на следниов линк: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de.

(5) Ние користиме Google Analytics за да анализираме и редовно да ја подобриме употребата на нашата веб-страница. Можеме да ги користиме добиените статистики за да ја подобриме нашата понуда и да ја направиме поинтересна за Вас како корисник.  За исклучителни случаи во кои личните податоци се пренесуваат во САД, Google се подложи на штитот за приватност на ЕУ-САД, https://www.privacyshield.gov/EU-US-Framework. Правна основа за употреба на Google Analytics е член 6 став 1 реченица 1 буква f од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

(6) Информации за трет понудувач: Google Dublin, Google Ireland Ltd., Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ireland, Fax: +353 (1) 436 1001. Услови за корисници: http://www.google.com/analytics/terms/de.html, преглед на заштитата на податоците: http://www.google.com/intl/de/analytics/learn/privacy.html, како и на изјавата за заштита на податоците: http://www.google.de/intl/de/policies/privacy.

§ 9 Бришење на податоци

Податоците кои се чуваат кај нас во согласност со чл. 17 и 18 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка, штом ќе престане потребата за намената за која се одредени и во случај да не се применуваат некои од законските обврски за чување кои би биле во спротивност со таквото бришење.

§ 10 Права на засегнатото лице

(1)    Доколку се посомневате дека кон Вашите податоци не се однесуваме или не сме се однесувале во согласност со законот („засегнато лице“), според законските услови на располагање Ви стојат следните права, чие исполнување можете да го побарате од IRZ во секое време:

  • Право на информирање согласно со чл. 15 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци: Право да се побара издавање на потврда за обработка на лични податоци и известување за личните податоци.
  • Право на исправка согласно со чл. 16 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци: Право да се побара да се исправат неточните или погрешни лични податоци.
  • Право на бришење согласно со чл. 17 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци: Право да се побара веднаш да се избришат лични податоци. Таквото право, меѓу другото, не постои, ако обработката на личните податоци е неопходна за исполнување на некои правни обврски или за остварување, извршување или одбрана на правните барања. Покрај тоа, важат и ограничувањата во согласност со чл. 35 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.
  • Право на ограничување на обработката согласно со чл. 18 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци: Право да се побара да се ограничи обработката на лични податоци.
  • Право на преносливост на податоците согласно со чл. 20 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци: Право да се побара да се предаваат личните податоци кои се однесуваат на Вас и  кои Вие лично сте ги ставиле на располагање, во еден структуриран, конвенционален и машински читлив формат. 
  • Право на отповикување: Имате право во секое време за во иднина да ја отповикате Вашата согласност за обработка на личните податоци која претходно сте ја дале.
  • Право на приговор согласно со чл. 21 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци: Право да поднесете приговор против обработката на лични податоци, така што ние сме должни да ја завршиме обработката. Ова право на приговор постои само во границите предвидени во чл. 21 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци. Покрај тоа, нашите интереси може да бидат во спротивност со завршувањето на обработката, така што имаме право и покрај приговорот да ги обработиме Вашите лични податоци.

При упатувањето на таквиот приговор Ве молиме да ги наведете причините зошто не би требало да ги обработуваме Вашите лични податоци на начинот на кој ние тоа го правиме. Во случај на оправдан приговор ќе ја испитаме фактичката состојба и потоа ќе ја запреме обработката на податоците, или ќе ја прилагодиме односно ќе Ви укажеме на нашите нужни причини кои мораме да ги штитиме, поради кои ќе продолжиме со обработката.

(2)   Покрај тоа, имате право да вложите жалба до некој надзорен орган за заштита на податоците во врска со обработката на Вашите лични податоци, чл. 77 од Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

(3)   Правата на засегнатите лица и други барања можете да ги доставите до IRZ во писмена или електронска форма на адресата за контакт наведена погоре под § 1. 

§ 11 Промени

IRZ го задржува правото во секое време да ја промени оваа изјава за заштита на податоците. Таквите измени ги објавуваме на нашата веб-страница. Ако не е поинаку определено, таквите измени важат без одлагање. Затоа препорачуваме редовно да се проверува Изјавата за заштита на личните податоци, со цел да се стекне увид во соодветната важечка верзија.