ИРЗ во Македонија


Германската фондација за меѓународна правна соработка, регистрир. здруж.(ИРЗ) беше основана во 1992 година на иницијатива
на тогашниот сојузен министер за правда д-р Клаус Кинкел со цел, по налог на германската Сојузна влада да ги поддржи
земјите во транзиција при реформирањето на нивниот правен систем. ИРЗ е активна во Македонија од 2000 година со средства
на германското Министерство за надворешни работи како дел од германскиот придонес за поддршка на Пактот за стабилност на
Југоисточна Европа. Исто така, ИРЗ добива институционална поддршка од Сојузното министерство за правда и за заштита на потрошувачите.

Во тие рамки, ИРЗ советува при законодавни постапки, соработува со македонски организации на полето на
обуките и стручното усовршување на правниците, особено со македонската Академија за судии и јавни обвинители, и издава
правни публикации на македонски јазик. Меѓу нив, покрај списанието, кое овде е прикажано, се вбројува и Билтенот за судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој ИРЗ го издава заедно со владиниот агент за застапување на Македонија пред судот во Стразбур. Тој излегува од печат два пати годишно на македонски и на албански јазик.

Поединостите за дејноста на ИРЗ може да се прочитаат во рубриките "Актуелности" и "Извештаи од Македонија".
Покрај тоа, на оваа страна може да се преземат резултатите од нашата работа како ПДФ-документ, доколку се работи за публикации.

Подетални информации за ИРЗ ќе најдете на германски, англиски, руски и арапски јазик на www.irz.de.